Полициски боречки клуб БЕЗБЕДНОСТ Скопје е еден од партнерите кои го спороведуваат Еразмус + проект „Грчко-римско борење за глуви лица“ (DEAF_WRESTLE). Главната цел на проектот е да ги оспособи тренерите, менаџерите или инструкторите, спортистите, судиите со компетенции и вештини кои имаат за цел да го подобрат пристапот до луѓето со пречки во слухот.
Времетраење на имплементација на проектот е 15.07.2022 година до 14.07.2024 година.
Партнери во овој проект се:
1. ISTITUTO DEI SORDI DI TORINO
2. ENOSI ELLINON PROPONITON PALIS
3. POLICISKI BORECKI KLUB BEZBEDNOST SKOPJE
4. SDRUZHENIE SPORTEN KLUB ANGEL VOYVODA KHASKOVO
5. RVACKI KLUB RADNICKI BEOGRAD -WRESTLING CLUB RADNICKI BELGRADE
6. ASTIKI MH KERSOSKOPIKI ETAREIA HELPING HAND
7. ZEWELEPE CONSULTANTS LIMITED
8. SKOLA SA DOMOM ZA UCENIKE OSTECENOG SLUHA I GOVORA 11 MAJ
Зошто е важен спортот?
„Спортот ги обединува сите аспекти на различното општество и на тој начин придонесува не само за развојот на поединецот, туку и поттикнува почит кон другите. Ова води до поголемо разбирање и воспоставување на поправедно и инклузивно општество“.
Зошто DEAF_WRESTLE?
Глувите лица учествуваат во спортски настани и натпревари за глуви, како што се Олимпијадата за глуви, но тие имаат шанса да се натпреваруваат и во средина каде се натпреваруваат и лицата без попреченост. Сепак, некои спортови се со поголем развиен сензибилитет за глувите лица и тие често мора да работат понапорно и да надминат голем број пречки кои се практично непознати за луѓето што немаат проблем
со слухот, на пример погрешно толкување во вербалните насоки на тренерот и неправење на она што им е кажано. Ваквите пречки ги прават да се чувствуваат засрамени и на крајот решаваат да се откажат од спортот.
Во рамки на проектот е развиена веб-страница на која се објавуваат сите активности преземени од партнерите и аутпути произведени од овој проект. Затоа, посетете не: https://deafwrestle-project.eu за да дознаете повеќе. Веб страницата е изработена на англиски јазик, македонски, италијански, српски, бугарски и грчки јазик.