На 13 јули 2024 година, Полициски боречки клуб БЕЗБЕДНОСТ Скопје во СРЦ Кале го организираше завршниот настан на кој беа презентирани подетално спроведените активности и резултати од проектот Greco Roman Wrestling for d/Deaf people финансиран од Европската унија. На настанот присуствуваа засегнатите страни, лица од спортот, тренери, спортисти и спортски работници, како и заинтересирани граѓани. Д-р Страшо Глигоров, претседател на ПБК БЕЗБЕДНОСТ и м-р Мартина Тодоровска го водеа настанот и во детали објаснија за целите на проектот, спроведените активности, резултати и важноста од вклучување на глувите лица и лицата со попреченост во спортот. Истакнаа дека резултатите од овој проект се од големо значење за сензитивирање на јавноста, подигање на свеста во градењето на инклузивно општество и потенцираа дека во идниот период клубот планира да спроведе дополнителни активности за јакнење на интеграцијата на овие лица во спортот. Присутните се вклучија во дискусијата која следеше пред крајот на настанот, го поздравија овој проект, ја потенцираа важноста од вакви активности во Република Северна Македонија и дадоа свои сугестии и видувања за унапредување на состојбата со интеграцијата на глувите лица и лицата со попреченост во спортот воопшто.



