Проекти

Грчко-римско борење за глуви лица

Greco Roman Wrestling for d/Deaf people

DEAF_WRESTLE

Грчко-римското борење е препознаено како најстар спорт во светот кој ги подобрува физичките и менталните вештини на луѓето.

Мора да се признае, секој може да почне да вежба преку борење, без разлика на полот, кондицијата или физичката попреченост.

Целта на проектот DEAF_WRESTLE е ефикасно да ја промовира социјалната интеграција на глувите лица преку спортот, односно грчко-римскиот стил на борење. Главните цели на проектот DEAF_WRESTLE се:

– Справување со дискриминацијата во спортот.

– Поддршка на глувите да учествуваат во спортот, со фокус во грчко-римското борење.

– Едукација на тренери, спортисти и судии.

– Промовирање на различноста меѓу спортистите.

– Обука на спортски професионалци за тоа како ефективно да соработуваат со глуви лица во грчко-римско борење.

– Создадавање на онлајн достапен материјал преку платформата на DEAF_WRESTLE.

– Подигнување на свеста за бариерите со кои се соочуваат глувите лица во спортот.

– Подигнување на свеста на сите целни групи и на пошироката јавност.

Полициски боречки клуб БЕЗБЕДНОСТ Скопје е еден од партнерите кои го спороведуваат Еразмус + проект „Грчко-римско борење за глуви лица“ (DEAF_WRESTLE). Времетраење на имплементација на проектот е 15.07.2022 година до 14.07.2024 година.

Партнери во овој проект се организации од шест држави и тоа: Република Северна Македонија, Република Италија, Република Србија, Република Бугарија, Република Грција и Република Кипар.

Сите продукти од проектните активности се објавуваат на веб-страницата на проектот https://deafwrestle-project.eu, која е достапна на англиски јазик, македонски, италијански, српски, бугарски и грчки јазик.

ПБК БЕЗБЕДНОСТ во рамки на проектот DEAF_WRESTLE изработи 30 видеа на македонски знаковен јазик. Целта е да се зензитивираат глувите лица за дел од спортската терминологија и значењето на дел од термините во грчко-римскиот стил на борење.
Преглед на содржината на македонски знаковен јазик на осумте модули на онлајн курсот за обука за грчко-римски стил на борење, развиени во рамки на DEAF WRESTLE проектот