Одржан вториот партнерски состанок во Скопје

ПБК БЕЗБЕДНОСТ беше домаќин и организатор на вториот партнерски состанок во рамки на проектот „Грчко-римско борење за глуви лица“ кој се одржа на 8 и 9 февруари 2024 година во Скопје. Целта на овој состанок беше партнерите да ги презентираат досегашните резултати, да се утврдат потенцијалните пречки за спроведување на активностите и да се утврдат идните чекори.

Проектот има мултидимензионална важност, со акцент на унапредување на пристапноста и промоција на социјалната инклузија на глувите во спортот (грчко-римското борење) и обезбедување на солидна основа за унапредување на правата.