Повеќе од клуб!
Полициски боречки клуб има реализирано програма со наслов „Универзална спортска школа" наменета за деца од 5-12 години од машки и женски пол, без разлика на својот почетен капацитет. Првенствено фокусирана на мултидимензионален психофизички развој, врз чија основа може да се создаваат идни врвни спортисти, бидејќи преку конципираната програма во раните фази на развој, се стекнуваат бројни моторни способности и знаења на различни спортски техники, кои подоцна овозможуваат успешна спортска специјализација. Содржината на програмата, се базира на рамнотежа меѓу усвојувањето на моторни знаења и развој на моторните способности, преку нивна интеракција со другите аспекти на севкупниот развој на децата (физички, креативен, емотивен и когнитивен).
Универзалната спортската школа ја имаат поминато над 200 деца од општина Карпош општина Ѓорче Петров и Општина Центар. Програмата е реализирана во ООУ „Братство˚ и ООУ „Петар Поп Арсов“ - општина Карпош, ООУ „Ѓорче Петров˚ - општина Ѓорче Петров, ООУ „Коменски˚ и ООУ „Кочо Рацин - Општина Центар и СРЦ Кале.
Тренери: д-р Страшо Глигоров, Катерина Поповска, Даниела Дамјановска, Петар Цветсковски и Мартин Мојсовски
Наша историја
Во октомври 1995 година, д-р Страшо Глигоров, ја формираше првата спортска школа во женско борење, која работеше во рамките Полицискиот клуб “Безбедност”. Во школата тренираа ученички од средното полициско училиште во Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста. Оваа е и прва екипа во борење за жени во Република Македонија. За време на одржување на изборното сениорско првенство во борење слободен стил (24.02.1996, Струмица), тренерот на ПБК Безбедност, д-р Страшо Глигоров со борачките Руска Јанкова, Мира Казиовска, Магица Бундева, Ирина Јованова, Салиме Салиовска и Снеже Митева, изведоа прва јавна демонстрација во борење за жени во Република Македонија Полицискиот боречки клуб “Безбедност” беше организатор на првото државно првенство во борење за жени во Република Македонија, кое се одржа на 01-02.06.1996 година во спортската сала на Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста. Првенството беше одржано за јуниорки, а на него настапија 16 боречки: ПБК Безбедност 10 боречки и БК Спартак 6 боречки).
КЛУБОТ ВО БРОЈКИ
Формиран
11.04.1994 – Скопје
Домашни резултати
Над 100 медали на државни првенства
Меѓународни успеси
Балкански и европски медали
- Борење слободен стил
- Женско борење
- Самоодбрана
- Фитнес
- Полициска самоодбрана
- Универзална спортска школа
ПОСТИГНУВАЊА И РАЗВОЈ
Од своето формирање во 1994 година, Полицискиот боречки клуб „Безбедност“ континуирано се развива како значаен носител на спортските активности во областа на борењето и самоодбраната.
Клубот има учествувано и организирано бројни домашни и меѓународни натпревари, при што се освоени над 100 медали на државни првенства, како и значајни успеси на балканско и европско ниво.
Особено значаен е придонесот во развојот на младите и женското борење, како и учеството во организација на државни првенства и меѓународни натпревари.
Во 2024 година успешно беше реализиран проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“, со поддршка од Општина Карпош.
Клубот продолжува со континуиран развој преку унапредување на тренинг програмите, зголемување на членството и јакнење на соработката со домашни и странски организации.
Активности
резултати
- 2000 – Технички коорганизатор на 13-то Европско полициско првенство (слободен и грчко-римски стил)
- 2002 – Коорганизатор на турнир во рамки на Балканските олимписки денови
- 2007 – Коорганизатор на Балканско полициско првенство
- Организатор на повеќе државни и лига натпревари
- 2024 – Проект „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ (Општина Карпош)
- 2026 - Проект „Бесплатен фитнес за жени и мажи“ (Општина Карпош)
- 1996 – Бронзен медал, Балканско првенство (грчко-римски стил)
- 1998 – Бронзен медал, Европско младинско првенство (слободен стил)
- 2000 – Два сребрени медали, Европско полициско првенство
- 2004 – Бронзен медал, Европско полициско првенство
- 2007 – 7 бронзени медали Балканско полициско првенство
- 2007 – среберен медал Балканско полициско првенство
- 2015 – Бронзен медал, женско борење (Балканско првенство)
- 2018 – Бронзен медал, меѓународен турнир „Дан Колов & Никола Петров“
- 2018 – Сребрен медал, Балканско првенство (женско борење)
ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ПБК „БЕЗБЕДНОСТ“
- д-р Страшо Глигоров – Претседател и член
- м-р Горан Здравковски – член
- Генерал Стојанче Ангелов – член
- Звонко Тренчевски – член
- проф. д-р Серјожа Гонтарев – член
- проф. д-р Ристо Мијалов – член
- проф. д-р Јонче Ивановски – член
- проф. д-р Васко Стамевски – член
- Мите Глигоров – член



