Полициски боречки клуб има реализирано програма со наслов „Универзална спортска школа” наменета за деца од 5-12 години од машки и женски пол, без разлика на својот почетен капацитет. Првенствено фокусирана на мултидимензионален психофизички развој, врз чија основа може да се создаваат идни врвни спортисти, бидејќи преку конципираната програма во раните фази на развој, се стекнуваат бројни моторни способности и знаења на различни спортски техники, кои подоцна овозможуваат успешна спортска специјализација. Содржината на програмата, се базира на рамнотежа меѓу усвојувањето на моторни знаења и развој на моторните способности, преку нивна интеракција со другите аспекти на севкупниот развој на децата (физички, креативен, емотивен и когнитивен).
Универзалната спортската школа ја имаат поминато над 200 деца од општина Карпош општина Ѓорче Петров и Општина Центар. Програмата е реализирана во ООУ „Братство˚ и ООУ „Петар Поп Арсов“ – општина Карпош, ООУ „Ѓорче Петров˚ – општина Ѓорче Петров, ООУ „Коменски˚ и ООУ „Кочо Рацин – Општина Центар и СРЦ Кале.
- Прв промотивен спортски час по “БОРЕЊЕ ВО СЛОБОДЕН СТИЛ, ЖЕНСКО БОРЕЊЕ, ПОЛИЦИСКА САМООДБРАНА И УНИВЕРЗАЛНА СПОРТСКА ШКОЛА”, ООУ „Братство˚ општина Карпош, 26.12.2014 година.
- Втор новогодишен промотивен спортски час “ОД ПРВ ЧЕКОР ДО ПОБЕДНИЧКИ ПИЕДЕСТАЛ”, ООУ „Ѓорче Петров˚ – општина Ѓорче Петров, 29.12.2015 година.
- Трет новогодишен промотивен спортски час “СПОРТОТ И ПОЛИЦИЈАТА ВО ФУНКЦИЈА НА БЕЗБЕДНА СРЕДИНА И ПРОМОВИРАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ВРЕДНОСТИ”, ООУ “11 Oктомври”, општина Центар, Скопје, на 12.2017 година.
- 20-ет летни спортско едукативни кампови со наслов “Развој и усовршување на базичните моторни способности преку пливање, атлетика, полигони, спортски, елементарни, штафетни и борбени игри” и летни спортски школи за борење.
- Ден на заедничко спортување, дружење и соработка соучество на ученици, родители, тренерите и пријателите на клубот, 06.2017 година, СРЦ Сарај.
- Прв меѓународен турнир во женско борење „9-ти Мај”, ООУ „Братство˚ општина Карпош, 14.05.2016 година.
- 2-ор меѓународен турнир во слободен стил и женско борење “9-ти Мај”, 05.2017 година, ООУ „11 ОКТОМВРИ˚, општина Центар.
- 3-ет меѓународен турнир во слободен стил и женско борење “9-ти Мај”, 05.2018 година, ООУ „11 ОКТОМВРИ˚, општина Центар.
