Јонче Ивановски

Тренер

Brief info

Д-р Јонче Ивановски, тренер на боречкиот клуб Безбедност од Скопје е роден 1978 година во Скопје. Боречката кариера ја започнува во 1992 година во БК Безбедност каде тренира и настапува повеќе од десет години. Во натпреварувачкиот период има постигнато забележителни спортски резултати во борење на домашни и меѓународни првенства како член на БК Безбедност и на репрезентацијата, од кои најдобри се 3 место на Европското младинско првенство до 20 години и 3 место на Балканско првенство за јуниори. Во последните 10 години тренерот Јонче Ивановски во боречкиот клуб Безбедност работи со над 30 млади и таленетирани борачи каде го пренесува своето богато спортско и професионално искуство. Исто така, академското знаење стекнато на Факултетот за безбедност го става во функција на квалитетно изведување на тренинзите, комбинирајќи ги теоретските знаења со педагошките правила и вештини во форма на показни вежби, примери од праксата, информации и практични знаења. Во тренерскиот период за одбележување е учеството во голем број на дополнителни активности како меѓународни и домашни проекти, семинари, обуки каде што успешно ги соединува и презентира знаењата од борeчката теорија и пракса.